Осуммина војници на ИСАФ убиени во Авганистан

Базата на ИСАФ во Кабул

НАТО соопшти дека осуммина странски војници и еден хонорарец загинале во престрелка во Кабул денеска. Од мисијата на Алијансата ИСАФ не кажаа од кои националности биле војниците. Инцидентот се случил во тренинг центар во близина на аеродромот во Кабул. Претходно, авганистанското министерство за одбрана соопшти дека авганистански пилот стрелал кон странските војници по расправија. Во соопштението се додава дека напаѓачот загинал во престрелката. Портпарол на талибанските милитанти ја превзема одговорноста за нападот, тврдејки дека напаѓачот бил милитант облечен во униформа на авганистанската војска.