Експлозија на терминал со гас во Египет

Египетските безбедносни сили соопштија дека денеска имало експлозија на терминал за природен гас на границата меѓу Египет и Израел. Агенцијата Ројтерс јавува дека станува збор за напад извршен од неименувана вооружена група. Египет извезува гас во Израел, Јордан и Сирија.