Расте загриженоста во ОН за ситуацијата во Сирија

Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека е се посериозно загрижен поради крвавата пресметка со демонстрантите од страна на сириските власти, особено од употребата на тенкови и боева муниција од оружените сили. На вчерашните консултации во врска со ситуацијата во Сирија во Советот за безбедност на Светската организација, не беше постигната согласност за заедничка изјава, а обидите продолжуваат и денеска. Според дипломатски зивори, Русија и Кина не се согласуваат да поддржат силна изјава за ситуацијата во таа земја.
Во меѓувреме, сириски активисти информираат дека оружените сили употребуваат оружје и солзавец против демонстрантите, нагласувајќи дека во 6-неделните немири загинале повеќе од 400 лица, од кои најмалку 25 во понеделникот во градот Дера.