Договор за крај на насилствата во Јемен

Али Абдула Салех

Владата и опозицијата во Јемен денеска во Ријад, Саудиска Арабија, се очекува да потпишат договор за завршување на тримесечните смртоносни немири. Иницијативата за договорот ја покренаа неколку земји од регионот, а на потпишувањето ќе присуствуваат претставници на ОН, САД, ЕУ и на државите од Заливот. Предвидено е формирање на влада на национално единство во Јемен. Претседателот Али Абдула Салех се согласи со предлогот, според кој ќе ја предаде власта на неговиот заменик во рок од триесет дена. За возврат, претседателот кој е на власт 32 години бара имунитет од кривично гонење за него и неговите синови.