Лукашенко со навреди кон Баросо и Јанукович

Александар Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска упати навреди кон неговиот украински колега Виктор Јанукович и првиот човек на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Запрашан зошто не присуствувал на одбележувањето на 25 годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил, Лукашенко одговорил „прашајте ги нив“. Белорускиот претседател рекол дека Јанукович е „никаков лидер“ а Баросо го нарекол „магаре“. Од Европската унија потврдија дека на украинските власти им било кажано дека Баросо нема да присуствува на донаторската конференција за Чернобил, која се одржа неодамна, ако Лукашенко учествува на настанот.