Готовина одбил иницијатива за именување на плоштад по него

од протестите за подршка на Анте Готовина

Хрватскиот генерал Анте Готовина им се заблагодари на жителите на Сплит за иницијативата тој да биде прогласен за почесен граѓанин, како и според него да се именува еден градски плоштад или улица, но побара од нив тоа да биде оставено за некои подобри времиња, изјави заменик градоначалникот на Сплит Јуре Шундов. „Готовина, кого Хашкиот трибунал неодамна го осуди на 24 години затвор за извршени злосторства во операцијата „Бура“, побара со предметот да не се оди понатаму, така што за него нема да одлучуваат ниту Комисија ниту Градскиот совет“ рече Шундов, додавајќи дека верува оти „граѓаните ќе имаат разбирање за таквиот став на генералот“. Шундов со Готовина контактирал преку заедничкиот пријател Жељко Дилбер, кој е овластен да го пренесе ставот на хрватскиот генерал.