Евроамбасадорот Соренсен се сретна со градоначалниците на Струга и Охрид

Петер Соренсен

Градоначалниците на Охрид и Струга, Александар Петревски и Рамиз Мерко, денеска во Струга имаа средба со амбасадорот на Европската унија во Македонија Петер Соренсен, на која било разговарано за проблемите што ги имаат двете општини, за процесот на децентрализацијата и за односот со централната власт. „Најголемо внимание посветивме на меѓуетничките односи за кои тврдам дека во Струга се на завидно ниво, иако некогаш политиката го прави своето и се случуваат одредени проблеми“изјави градоначалникот Мерко. Охридскиот градпначалник Петревски го информирал Соренсен, пред се, за проблемите на Охрид во однос на децентрализацијата и неможноста да премине во втората фаза од овој процес. „Го информирав Соренсен дека во Охрид како најубав град во Македонија и на Балканот ништо не се инвестира. Исто така дека децентрализацијата кај нас е тотално закочена и оти тоа е еден од проблемите поради кои странците не се одлучуваат да инвестираат во Охрид“ рече Петревски по средбата со евроамбасадорот.