Секуи: Изборите значајни за евроинтеграцијата на Албанија

Предизборната атмосфера во земјата и значењето на локалните избори што ќе се одржат на 8 мај биле главни теми на средбата меѓу албанскиот претседател Бамир Топи и евроамбасадорот Еторе Секуи. Високиот европски претставник во Албанија го нагласил големото значење на локалните избори за текот на европските интегративни процеси на земјата. Од своја страна Топи, како што стои во соопштението од неговиот кабинет, ја повторил заложбата за мирна и цивилизирана изборна кампања, како и спроведување успешни, слободни и демократски избори, кои ќе бидат според сите демократски стандарди. Во меѓувреме изборната кампања продолжува со познатата остра реторика на меѓусебни обвинувања, но исто така е проследена и со помали инциденти.