УНХЦР: Повеќе од 30,000 либијски бегалци во Тунис

Повеќе од 30,000 лица избегале од западниот дел на Либија во Тунис, соопшти денеска Агенцијата за бегалци при Обединетите нации. Портпаролот на УНХЦР Андреј Махеч рече дека повеќето бегалци бегаат од гранатните напади. Тој дополни дека Агенцијата работи со властите во југот на Тунис за да им помогнат во обезбедување на ресурси за бегалците.