Романски офицер именуван за раководител на ЕУЛЕКС

Романскиот офицер Мариан Петре е именуван за раководител на Специјалната полиција на мисијата на ЕУ во Косово ЕУЛЕКС, објавија денеска косовските медиуми. Министерот за внатрешни работи Бајрам Реџепи изјави дека не е информиран за назначувањето. Медиумите во Приштина наведуваат дека членовите на романската полиција немаат добра репутација меѓу косовските Албанци. Според нив тие се одговорни за убиството на две лица и повредување на повеќе од 80 луѓе за време на демонстрациите на движењето Самоопределување во февруари 2007 година.