Рекорден раст на грчкиот јавен долг

Буџетскиот дефицит на Грција минатата година пораснал на 10,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти денеска Европската унија. Дефицитот од 10,5 процетни од БДП е значително поголем од прогнозата на Европската комисија - 9,6 отсто, што беше објавена во есента. Според податоците на агенцијата на ЕУ за статистика , јавниот долг на Грција во истовреме пораснал на 142,8 отсто од БДП, што е најголем процент во еврозоната. Поголемиот број економисти очекуваат дека Грција на крајот ќе мора да ги реконструира своите долгови со тоа што ќе побара од кредиторите повеќе време за отплата на долговите, дури и намалување на износот кој го должи. Претставниците на ЕУ досега ја отфрлаа таквата можност.