Судење на поранешен министер во Египет

од протестите во Египет

Екс – министерот за надворешни работи на Египет денеска се појави пред судот во Каиро, соочен со обвиненија за издавање на наредба за стрелање на демонстрантите за време на немирите во земјата, поради кои претседателот Хосни Мубарак отстапи од функцијата. Државната новинска агенција „МЕНА“ јави дека Хабиб ал Алди е обвинет заедно со уште шестмина помошници. Според официјални податоци, 846 лица загинале во немирите во Египет а илјадници биле повредени.