САД нема да ги стопира воздушните операции во Авганистан

Американскиот советник за национална безбедност Џејмс Џонс изјави дека Вашингтон нема да ги стопира воздушните операции во Авганистан. Џонс додаде дека сепак Соединетите Држави ќе ги зголемат напорите кои би придонеле за што помалку цивилни жртви. Неговиот коментар доаѓа откако денеска во Кабул неколку стотици авганистански студенти протестираа против американските воздушни напади изведени минатата недела, кога според авганистански претставници загинале најмалку 100 цивили.