Најмалку 180 талибански бунтовници убиени

Пакистанската армија денеска соопшти дека најмалку 180 талибански бунтовници се убиени во изминатите 24 часа, во операцијата на северозападот од земјата. Во соопштението се наведува дека во армиската операција во долината Сват загинале повеќе од 50-тина бунтовници, додека околу 140 милитанти биле убиени во соседната област Шангла. Неколку илјади луѓе ја напуштија долината Сват, поради судирите меѓу армијата и талибанските бунтовници.