Најмалку 18 загинати во денешните напади во Авганистан

Најмалку 18 лица загинале во денешните насилства во Авганистан. Седум лица меѓу кои цивили, војници и полицаец загинале во самоубствен бомбашки напад во провинцијата Хелманд. Во друг одвоен инцидент во провинцијата Нангахар при експлозија на бомба поставена на пат загинале осум градежни работници, а во сличен напад во провинцијата Забул загинале уште три лица.