Иранскиот суд ја разгледа жалбата од новинарката Сабери

Иранскиот суд денеска ја разгледа жалбата од американско-иранската новинарка Роксана Сабери, осудена на осум годишна казна затвор поради шпионажа во корист на Соединетите Држави. Нејзиниот адвокат изрази оптимизам во врска со жалбената постапка. Иранските власти ветија темелно разгледување и фер судење во врска со случајот Сабери во текот на жалбениот процес.