Ненси Пелоси во ненајавена посета на Ирак

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси денеска допатува во ненајавена еднодневна посета на Ирак. Портпаролот на ирачката влада Али ал Дабаг соопшти дека Пелоси во Багдад ќе разговара со ирачкиот премиер Нури Ал Малики и со други ирачки претставници. Таа исто така ќе ги посети и американските трупи во Ирак.