Намалку девет лица загинале во пакистанскиот регион Северен Вазиристан

Најмалку девет лица загинале во вооружена престрелка која започнала откако талибанските бунтовници нападнале армиски конвој во немирниот пакистански регион Северен Вазиристан на границата со Авганистан. Како што соопштија армиски претставници во судирите биле убиени четворица милитанти, а загинал и еден припадник на безбедносните сили, како и четворица цивили.