Папата оддржа миса во Јордан

Папата Бенедикт 16-ти денеска оддржа миса на отворено во рамки на неговата посета на Јордан. Околу 20 илјади католички верници од Блискиот Исток ја следеа мисата на папата на спортскиот стадион во градот Аман. Повеќето од присутните вееле знамиња на Либан, Сирија, Ирак и на други земји. По Јордан, поглаварот на римокатоличката црква се очекува да го посети Израел и палестинските територии.