Иранскиот суд ја разгледува жалбата на новинарката Сабери

Иранскиот суд денеска ја разгледува жалбата на американско-иранската новинарка Роксана Сабери која беше осудена на осум годишна казна затвор поради шпионирање во корист на Соединетите Држави. Нејзиниот адвокат Абдулсамад Корамшахи изјави дека е оптимист дека во текот на жалбената постапка, затворската казна на Сабери ќе биде намалена.