Американскиот заменик помошник државен секретар во Скопје

Македонско-американските билатерални односи се одлични, изјави попладнево во Скопје американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија, Стјуард Џонс. „Донесов многу позитивна порака дека сме задоволни од состојбата во меѓусебните односи. Што се однесува до спорот со името, мислам дека треба уште работа во наредниов период“, изјави Џонс по средбата со премиерот Никола Груевски. Џонс додаде и дека Вашингтон високо го цени учеството на Македонија во мировните мисии.