Голема акција на пакистанската армија во долината Сват

Четворица пакистански војници се повредени, а армијата убила најмалку 55 бунтовници во текот на големата операција во Долината Сват на северозападот од Пакистан. Во соопштението од пакистанската армија се наведува дека армиски хеликоптери нападнале упоришта на талибанците во близина на градот Мингора, при што загинале околу 15 бунтовници, додека во одвоени судири со талибанските милитанти биле убиени уште 30-тина бунтовници. Пакистанската армија спроведува голема операција во Долината Сват поради што неколку илјади цивили ги напуштија своите домови.