Чеку ја обвини Србија за злоупотреба на членството во Интерпол

Поранешниот косовски премиер Агим Чеку денеска ја обвини Србија дека го злоупотребува членството во Интерпол за издавање на ,,политички и правно неосновани потерници“. Чеку за кој српските власти имаат објавено потерница преку Интерпол заради воени злосторства во Косово за време на судирите во 1999 година, неодамна беше протеран од колумбиските власти по барање на Интерпол.