Американско-авганистански тим со истрага за цивилните жртви

Заедничката истрага на американските и авганистанските сили покажала дека одреден број цивили загинале во контроверзните воздушни напади на американските трупи против талибанците во провинцијата Фарах, минатата недела, но е наведена точната бројка. Истражниот тим соопшти дека е невозможно да се одреди кои од жртвите биле цивили, а кои бунтовници бидејќи повеќето од загинатите веќе биле закопани. Претходно, локални преставници соопштија дека 147 цивили биле убиени во операцијата, но американската армија ги отфрли тврдењата соопштувајќи дека бројката е ,,преувеличена“.