Зголемен бројот на заразените со новиот грип

Бројот на потврдени случаи на заразени со новиот грип во светот е зголемен на 2500 и тоа во 25 земји. Ова, како што денеска јавија новинските агенции, се наведува во најновиот извештај на Светската здравствена организација. Од новиот вид на грипот во Мекиско и во Соединетите држави умреле 46 луѓе, а еден смртен случај во Канада се поврзува со овој грип.