Голема воена парада во Москва по повод Денот на победата

Русија денеска ги покажа симболите на нејзината воена моќ на парадата на Црвениот плоштад во Москва, а по повод 64 годишнината од Победата над фашизмот. На отворањето на церемонијата рускиот претседател Дмитри Медведев изјави дека победата над фашизмот е актуелна поука и денес кога постојат такви кои влегуваат во воени авантури. ,,Уверени сме дека на секоја агресија против нашите граѓани ќе и биде пружен достоен отпор,, изјави Медведев. На парадата учествуваа скоро девет илјади војници, околу сто и десет единици на копнената техника и седумдесетина борбени авиони и хеликоптери.