Авганистан бара од САД да ги прекинат воздушните напади

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи побара од Соединетите држави да ги запрат воздушните напади во неговата земја, наведувајќи дека во нив гинат многу невини цивили. Карзаи смета дека воздушните напади не биле ефикасен начин во борбата против тероризмот. Во последните неколку напади во провинцијата Фарах, според авганистанските власти, загинале сто и пеесет луѓе, повеќето цивили.