Србија побарала од Франција екстрадиција на Агим Чеку

Белград денеска побарал од Париз да го екстрадира поранешниот косовски премиер Агим Чеку кој беше испратен во Франција откако вчера беше протеран од Колумбија. Властите во Париз, како што јави АФП дале објаснување дека не го привеле Чеку оти тој не е судски гонет во Франција. Француски дипломат навел дека од Чеку набргу било побарано да ја напушти Франција. Според весникот Данас, Чеку заминал за Хрватска, бидејќи поседува хрватски пасош. Колумбиските власти вчера го протераа Чеку, кого Србија го бара преку Интерпол заради воени злосторства.