Солана ги повика Ерменија и Азербејџан да соработуваат


Шефот за надворешна политика на Европската Унија, Хавиер Солана ги повика Ерменија и Азербејџан да работат заедно за решавање на конфликтот околу Нагорно Карабах и да ги искористат позитивните сигнали од Унијата. Солана денеска во Прага имаше средби со претседателите на Ерменија, Азербејџан и на Турција.