500 илјади бегалци од северо-западен Пакистан

Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации објави дека околу 500 илјади луѓе ги напуштиле своите домови или се подготвуваат да заминат од северо-западен Пакистан, поради борбите со милитантите. Во соопштението се додава дека поради офанзивата на армијата, околу милион луѓе ќе бидат расселени. Инаку, и денеска пакистанки авиони ги бомбардираа позициите на милитантите во долината Сват.