Пакистанската армија ја продолжува офанзивата во Сват

Во долината Сват продолжуваат борбите меѓу владините сили на Пакистан и милитантите во кои армијата користи и хеликоптери и авијација. Се јавува за 12 загинати милитанти, а вчера пак загинале 10, а биле ранети 9 војници. Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Џилани изјави дека наредил елиминирање на милитантите и терористите во долината Сват. Нивната активност против мирот и стабилноста на Пакистан ја принуди владата да превземе решителни мерки, порача Џилани. Хуманитарните организации предупредија на интензивирање на хуманитарната криза во регионот од кој бегаат десетици илјадници луѓе.