Министерски состанок на Јадранската Повелба

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска во Тирана ќе учествува на редовниот состанок на Партнерската Комисија на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Јадранската Повелба. На состанокот, на кој ќе учествува и генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Схефер, ќе стане збор за прашања поврзани со иднината на Јадранската група, а ќе биде усогласена и заедничка изјава на министрите за надворешни работи.