Цивилите ја напуштаат пакистанската Долина Сват

Пакистанската авијација нападнала засолништа на талибанците во Долината Сват, на северо-западот од земјата која се смета за упориште на бунтовниците. До нападите доаѓа по вчерашните најсмртоносни судири меѓу безбедносните сили и талибанците при што беа убиени повеќе од 30 милитанти. Илјадници луѓе ја напуштаат Долината, додека организациите за помош на населението, предупредуваат на можност од хуманитарна криза.