Мисија на ММФ во посета на Македонија

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија од денеска до четиринаесетти мај ќе престојува во земјава. Целта е поблиско запознавање на новиот шеф на Мисијата Вес Мек Гру со економските показатели во Македонија, како и со најновите антикризни мерки на Владата. Вес Мек Гру го наследува Марк Грифитс. Тој е прв американец шеф на Мисија на ММФ за Македонија.