Во Вашингтон средба Обама, Лавров

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Вашингтон треба да се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Иако станува збор за дел од подготовката на планираниот јулски состанок меѓу Барак Обама и рускиот претседател Димитриј Медведев, агенциите јавуваат дека, на денешната средба ќе се разговара и за последните тензии меѓу Русија и Запад околу воените вежби во Грузија.