Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ во Македонија

Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија. За време на престојот, Јеремиќ ќе биде примен од претседателот Бранко Црвенковски и од премиерот Никола Груевски, а ќе се сретне со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, при што е предвидено и потпишување на Протокол за соработка во областа на дипломатската едукација. Српскиот министер ќе биде примен и од претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски.