Ден на македонската полиција

Денеска се одбележува 7-ми Мај, денот на македонската полиција. По тој повод ќе биде положено цвеќе на споменикот на загинатите припадници на МВР пред зградите на министерството и на граничната полиција. Централната манифестација ќе биде одржана во касарната во Ѓорче Петров, каде што ќе се обрати министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.