Администрацијата на Обама изрази жалење за цивилните жртви во Авганистан

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека администрацијата на претседателот Барак Обама ,,длабоко жали“ оради цивилните жртви за време на воздушните напади извршени од американските трупи во Авганистан. На почетокот на состанокот со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и претседателот на Пакистан Асиф Зардари во Вашингтон, Клинтон рече дека ќе биде побарано спроведување на истрага во врска со инцидентот. Карзаи и Зардари подоцна ќе се сретнат и со американскиот претседател Обама.