Пакистанската армија убила 60 талибанци

Пакистанската војска денеска спровела операција против талибанските бунтовници во северо-западните делови на земјата, при што била користена и авијацијата која извршила напади врз позиции на бунтовниците. Како што е соопштено во операцијата биле убиени околу 60 милитанти. Неколку илјади цивили од градот Мингора во Долината Сват го напуштаат регионот поради судирите меѓу безбедносните сили и бунтовниците.