Евакуирана зградата на Косовската влада поради закана за бомба

Зградата на Косовската влада денеска била евакуирана по дојава дека во неа се поставени бомби. Тим на косовската полиција ја пребарувал зградата откако добиле анонимно писмо по електронска пошта во кое било соопштено дека во зградата се поставени три бомби, а доставувачот побарал еден милион долари за да не ги активира.