Предлогот на Рен прифатлив за Хрватска, а Словенија е претпазлива

Хрватска го прифаќа предлогот на еврокомесарот за проширување Оли Рен за решавање на граничниот спор со Словенија, соопштено е по денешниот состанок на хрватскиот државен врв во Загреб. Во врска со предлогот на комесарот Рен, Словенија соопшти дека не го отфрла, туку ќе биде претпазлива. Суштината на предлогот засега не е позната.