Масакр на свадба во Турција

Најмалку 45 лица се убиени, а 20 се ранети, синоќа во напад на непознати вооружени лица на една свадбена веселба во југоисточниот дел на Турција во село Билџе на десетина километри од сириската граница. Повеќето од загинатите се се жени и деца деца. Според гувернерот на провинцијата Мардин, Ахмет Ферхат Озен напаѓачите кои носеле маски, влегле во салата во која имало 200 гости и отвориле оган од автоматски пушки и рачни гранати. Министерот за внатрешни работи Беќир Аталај изјави дека изгледа дека нападот е поради крвна одмазда меѓу две семејства а не дело на курдските сепаратисти.