Романија ќе биде казнета поради високиот буџетски дефицит

Европската комисија ќе започне процедура за казнување на Романија, поради превисокиот буџетски дефицит, соопшти еврокомесарот за економски и монетарни прашања, Хоакин Алмунија. Тој посочи дека ваквата одлука е донесена бидејќи романскиот буџетски дефицит достигнал 5,4 отсто од бруто домашниот производ (БДП), што е драстично повисоко од максимално дозволеното ниво од три проценти што го утврди Европската централна банка. Според Алмунија, високиот дефицит се должи на буџетски трошоци поголеми од планираните, пред се за јавниот сектор и за социјалната сфера.