Опозицијата во Грузија ги радикализира протестите

Опозицијата во Грузија соопшти дека се подготвува за блокирање на главните патишта во земјата, како дел од едно месечната кампања и улични протести против претседателот Михаел Саакашвили. Во соопштението од опозицијата се наведува дека три главни сообраќајници ќе бидат блокирани утре, како предупредување до претседателот Саакашвили. Оваа мерка ќе продолжи повремено да се спроведува, доколу до 11-ти мај Саакашвили не си поднесе оставка.