ЕУ соочена со длабока рецесија

Европската Комисија предупреди дека Европа е соочена со ,,длабока и сеопфатна рецесија“ најлоша од времето на Втората Светска Војна. Економскиот раст во Европската Унија се очекува дека годинава би можел да забележи пад од четири отсто, покажува последното предвидување направено во рамки на Унијата. Во претходниот извештај во јануари, беше предвиден економски пад од 1,8 отсто. Комисијата исто така соопшти дека невработеноста во 16-те земји од евро-зоната следната година би можела да изнесува рекордни 11, 5 отсто. Предвидувањата покажуваат можно мало заздравување следната година, но се наведува дека тоа би се случило само доколку започне заздравување на банкарскиот и трговскиот сектор.