Обама - Финансискиот сектор ќе сочинува помал дел од економијата

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека финансискиот сектор во иднина ќе сочинува помал дел од американската економија. Во интервју за Њујорк Тајмс, Обама изјави дека Вол Стрит и натаму ќе остане голем, важен дел од економијата, но нема да сочинува половина од неа. Американскиот претседател рече и дека подоброто регулирање би придонело за враќање на довербата во американскиот финансиски ситем.