Шиитскиот водач Моктада ал Садр присуствувал на состанок во Турција

Шиитскиот свешеник Моктада ал Садр, кој го предводеше бунтот против американските сили во Ирак, и кој во изминативе две години се повлече од јавноста, ја посетил Турција каде присуствувал на состанок на околу 70-тина ирачки шиити. Како што е соопштено на состанокот во Истанбул се разговарало за иднината на Ирак. Во моментот од вкупно 275 пратеници во ирачкиот парламент, околу 30-тина се приврзаници на Ал Садр, а во оваа земја до крајот на годината се очекува да бидат оддржани парламентарни избори.