Македонија на 98 место во почитувањето на слободата на медиумите

Македонија во почитувањето на слободата на медиумите се најде на 98 место, меѓу делумно слободните земји, се наведува во извештајот на „Фридом Хаус“. Македонија со добиената вкупна оценка 47, го дели 98-то место заедно со Босна и Херцеговина, од вкупно 195 држави рангирани во извештајот на непрофитната организација со седиште во Вашингтон. Според извештајот, кој е објавени спроти Светскиот ден на слободата на медиумите 3 –ти мај, 70 држави се рангирани како слободни, 61 како делумно слободни, а 64 како неслободни земји. Извештајот го проценува степенот на слобода на печатените, електронските медиуми и интернетот, а оценките се темелат врз законската, политичка и економска средина во која што работат новинарите.