Бројот на заболени од свински грип расте

Италија денеска пријави прв случај на заболен од вирусот на свински грип кој е регистрирана кај 50-годишен маж од регионот на Тоскана, кој престојувал во Мексико. Во меѓувреме и властите во Јужна Кореја информираа за случај од вирусот на свински грип. Додека вирусот се шири, Светската здравствена организација соопшти дека за кратко време ќе биде подготвена ефикасна вакцина против вирусот, кој според најновите податоци е потврден меѓу 615 луѓе во 15 држави во светот. Најпогодена земја и натаму е Мексико, каде се потврдени 443 случаи.