Руските трупи веќе патролираат на границите на Јужна Осетија и Абхазија

Руските трупи започнаа со патролирање на границата на Јужна Осетија и ја набљудуваат ситуација на границата со Грузија, изјави лидерот на оваа грузиска сепаратистичка област, Едуард Кокјоти, а пренесува агенцијата Интерфакс. Руски трупи зазедоа позиции и на границата на вториот грузиски отцепен регион, Абхазија. Распоредувањето на силите е дел од договорот што изминатава недела го потпиша рускиот претседател Дмитриј Медведев со лидерите на двата сепаратистички региони, според кој Москва формално ја презема контролата за одбрана на нивните граници од Грузија.